
Сарма од пресна зелка
Рецепт с фото пошаговый
Автор Ivona
Малце крута ми се погоди зелката, потешка беше за работа ама добра испадна. Вие барајте...
150 mins
Ингредиенты
- пресна зелка 1
- гр мелено мешано месо 250
- гр пушена сецкана сланина 100
- гр ориз 100
- лажица зачин 1/2
- малку мелен бибер
- лажиче лимонтус 1/2-1
- лажица црвен пипер 1
- страк сецкан праз 1
- морков 1
- мл масло 50
- л вода 1
- сол по потреба
- пресен босилок
- рузмарин
- помал лимон 1
Шаги приготовления
1
Најпрво зелката се чисти од надворешните листови, се вади кочанот и се става во тенџере со вода да се обари.
2
Се вадат листовите, а срцевината се сецка ситно и со неа се обложува тенџерето каде ќе се вари сармата.
3
Во сад на оган се става врз маслото сецканиот праз да се пропржи, па се додава сланинката. Заедно се пржат 2-3 минути.
4
Се трга од оган, па се додаваат месото, морковот рендан, измиениот ориз, зачините и многу малку се промешува во тавата да се соедини.
5
Смесата ја префрлам во чинија за побрзо да олади да не биди жешка за виткање.
6
На тајнирче се става лист обарена зелка се става по 1 лажица од месото, се завиткува сарма и се редат во тенџере.
7
Понастегани да не се растурат во варењето.
8
Најгоре наредените сарми се покриваат со неколку листа зелка. (од внатрешните помалите листови што се послабо обарени) !!! пред да се покрие ставив под листовите зелка неколку ливчиња пресен босилок и наросив рузмарин, за поубава арома.
9
На страна во сад на оган се става вода по потреба, околу 1литар. (колку да ги покрие сармите) и тука се раствора лимонтусот.
10
Се истура зовриената вода врз сармите, потоа исцедив еден лимон и ги оставив да крчкаат на тивко.
11
Сармите се готови кога ке испари водата, да останат само на мрсното.



4.891362
Эмоции
Подарите автору первую эмоцию!
Фотоотзывы
Приготовили это блюдо? Оставьте фотоотзыв!
Что такое фотоотзывы?
Комментарии
Ваш комментарий будет первым
Вы можете задать вопрос автору, поделиться идеями и впечатлениями